ФОТО: Контроверзната Русинка направи метеж во Кан, ја нарекуваат Мата Хари, а шокира со своите фризури!

Руската актерка, водителка и деловна жена Елена Лењина (42) се појави на премиерата на филмот „Бенедета“ на 74. Кански филмски фестивал во уште еден неверојатен стајлинг.

„Кралицата на необичните фризури“ уште еднаш покажа дека е магнет за привлекување внимание и пронашла посебен начин на кој секој пат успева да ги сврти погледите кон себе. И тоа го прави со специфичниот стајлинг и уште поексцентричната фризура!

Русинката досега се појавуваше со разни додатоци и детали во косата, круни и најчудни аксесоари, а сето тоа го вклопувала со фустаните, комбинезоните и костумите коишто веројатно никој не би имал храброст да ги носи освен неа!

Овој пат Елена отишла уште подалеку за потребите на престижниот црвен тепих во Кан.

Елена се одлучила за фризура која „оди нагоре“, а малку потсетува на Урсула од „Малата сирена“. Облекла целосно златен стајлинг, во кој доминирале синџири. Станува збор за фустан кој е целосно покриен со златни синџири, а ги има и во пределот на деколтето и на дното на фустанот. Покрај тоа, ставила ѓердан, кој е склопен од златни синџири.

Необична животна приказна

Елена пораснала во сибирската тајга, а денес е најпознатата Русинка со адреса во Париз. Ќерка е на угледни советски научници кои велат дека Елена била ексцентрична од рана возраст. Тие самите ја учеле на бонтон и француска литература од мали нозе, поради што се родила нејзината љубов кон Франција, а особено кон Париз, каде што денес живее, пишува српски „Блиц“.

Елена трпеливо ја чекала можноста да замине од Русија за Франција, каде веднаш ја започнала кариерата на телевизија, најпрво како продуцент, а потоа, поради изгледот, но и поради совршеното зборување француски јазик, добила можност како водителка. Наскоро почнале обвинувањата дека таа е всушност агент на КГБ, го добила и прекарот „руска Мата Хари“, а цело време тврдела дека е само водителка и писателка.

Прекарот „руска Пепелашка“ пристигнал многу брзо и по него е препознатлива во Франција и остатокот од светот. Елена се пробила на француската телевизија благодарение на тоа што правела емисии за руските милијардери. Русите, новите богаташи во Европа кои не штедат пари кога станува збор за гламур и забава, и кои тоа го прават на кичест начин шокирајќи ги угледните Европејци, се жешка тема насекаде, па дури и во Франција, а шоуто на Елена брзо станало меѓу најгледаните.

Како да се „улови“ руски милијардер

Во меѓувреме, Елена објавила и 17 романи, а сите се занимаваат со Русија и нејзините тајкуни. Големо внимание предизвикале и нејзините упатства како да се „улови“ рускиот милијардер, а добар дел од советите ги засновала на сопственото искуство. Како што вели, и самата била во врска со еден руски милијардер чиј идентитет внимателно го чува.

Нејзините телевизиски приказни пристигнале до Мишел Лафон, угледен француски издавач кој ѝ дал понуда за првата книга.

– Бев поласкана. За да ме убеди, ме повика да нурнам во најдлабоката и најбистрата река на пари во светот и ме покани да се искапам во неа. Тој не знаеше дека јас сум подготвена за себе да пишувам и бесплатно затоа што сум типичен нарцисоиден претставник на шоубизнисот. Бидејќи тој тоа не го знаеше, добив аванс за доживотно памтење – вели Елена.

Следувал уште еден куп книги. Елена сакала да продре во тајната на успехот на милијардерите и интервјуирала многумина со цел да го сфати нивниот ментален склоп. Ја стекнала нивната доверба и ѝ се отвориле, а таа се погрижила да не ја прокоцка нивната доверба.

Русите најбрзо ќе потрошат милијарда долари во готовина. Во Франција, тие често ги резервираат најпрестижните клубови, забрануваат влез за локалното население и покануваат 500 гости. На сите присутни девојки им подаруваат прескапи дизајнерски фустани. Еден од милијардерите што го интервјуирав за прославата на неговиот роденден, во 100 школки стави брилијанти од два карати, како подарок за гостите. Гостите не го знаеја тоа, па многумина ги проголтаа – раскажала Елена.

Опасна романса со милијардер

Елена вели и дека она што го прави е крајно опасно – еден збор којшто на милијардерот нема да му се допадне и може да те проголта темнината.

За својата романса со милијардерот зборува вака:

– Имав романса со еден од милијардерите. Тоа истовремено е и убаво и опасно. Од една страна, никој како нив не знае да се грижи за жената, со моќта на своите огромни можности. Признајте, убаво е да одите со приватен авион на романтичен ручек во друга земја и да добиете скапоцен подарок и илјада рози како подарок коишто не може ни да ги собере во куќата. Од друга страна, овие луѓе никогаш не се опуштаат. Постојано се прислушкувани од конкурентите, руските и странските разузнавачки служби. Тие се во хроничен недостаток на време и во постојан страв за својот живот и за животот на нивните најблиски. Никогаш повеќе не би била со некој милијардер – рекла контроверзната Елена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот