ФОТО | Која е „српската Џеј Ло“ со која Новак Ѓоковиќ беше пред Јелена? Од ноќ заработува 30.000 евра

Фото: Инстаграм

Ако мислевте дека само Јелена Ѓоковиќ знае да го освои срцето на Новак, сте се излажале. Најдобриот тенисер на светот пред својата сегашна сопруга беше во љубовна врска со многу атрактивна девојка по име Лидија. А, еве која е таа.

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, кој деновиве поминува низ вистинска драма во Австралија, во 2014 година се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, но малку е познато дека пред неа бил во емотивна врска со Лидија Поповиќ. Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во помладите денови го поврзуваа со многу убавици. Една од оние кои успеаја да му го освојат срцето на тенисерот е Лидија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Нивната љубовна врска била пред српскиот тенисер да стане планетарно популарен и најдобар во светот во овој спорт, а кариерата на Новак ѝ пресудила на љубовта. Набргу по раскинувањето со Лидија, Новак ја започна врската со Јелена која денес му е сопруга.

Инаку, Лидија и Новак биле во врска пред повеќе од 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Меѓутоа, и нереално убавата Лидија Поповиќ денес е дел од јавната сцена. Таа е познат диџејка, настапува под името Лејди Ли и има повеќе од 400.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Лејди Ли пред две години имаше повеќе од 80 странски настапи, главно низ Азија, а од еден наводно заработува и 30.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Лидија ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, а во едно од интервјуата открила каква била емотивната врска со Ѓоковиќ.

Ноле секогаш беше внимателен и насмеан во текот на нашата врска, но тогаш ги немаше обврските коишто ги има денес. Сега носи голем товар на грбот како славен маж во светот на спортот. Секако дека Ноле не е „папучар“… Новак е друштвен и џентлменски настроено момче, барем јас така го паметам“, рекла Лидија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот. Она што го имавме останува во далечното минато, а јас за него имам само пофални зборови – изјавила своевремено Лидија за српски „Телеграф“ и додала:

„Патиштата ни се разделија, во тоа нема ништо лошо, а ние денес не се слушаме. Секој има своја кариера, постојано сме на нозе, но јас секако со задоволство се сеќавам на тој период, сакам да паметам убави работи.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот