ФОТО | Кој друг, ако не Карди Би! Раперката се појави со златна маска на лицето на доделување на наградите
Во Лос Анџелес синоќа се одржаа Американските музички награди (АМА). Водителка на програмата беше контроверзната раперка Карди Б.
На доделувањето на наградите, раперката смени два стајлинзи. Прво прошета во црн фустан со леопард дезен, а потоа облече фустан од дизајнерката Елса Скиапарели, носејќи црн превез, а на лицето ставила златна маска.
View this post on Instagram
Карди Би објави фотографии од доделувањето на наградите на својот Инстаграм. За само неколку часа таа доби повеќе од милион лајкови, а обожавателите ја пофалија нејзината облека.
View this post on Instagram
„Ги претворивте Американските музички награди во ревија на модни награди“, „Ново лице, кој е ова?“, „Модна икона“, „Кралица“, напишаа нејзините обожаватели.
Инаку, јужнокорејскиот бенд БТС ја поби конкуренцијата на доделувањето на наградите. Тие дома ги однесоа наградите за изведувач на годината, најдобро поп-дуо или група и најдобра поп-песна.
View this post on Instagram
Тејлор Свифт го собори сопствениот рекорд кога ja освои наградата за омилен женски поп изведувач по седми пат и го надмина својот претходен рекорд за најмногу победи на АМА на сите времиња. Свифт, исто така, ја освои наградата за најдобар поп албум „Evermore“ и сега има 34 трофеи АМА.
View this post on Instagram