Кралицата Камила и Сара Џесика Паркер во Њујорк/Фото: POOL / Getty images / Profimedia

ФОТО | Кои ѕвезди беа на гала вечерата во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила во Њујорк

Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила својата посета на САД ја продолжија кон Њујорк, каде посетија знаменитости, историската библиотека на Петтата авенија, како и спомен куќата на жртвите од нападот 9/11.

Кралицата Камила во придружба на познатата актерка Сара Џесика Паркер ја посети зградата на Јавната библиотека во Њујорк. Во текот на средбата со личности од светот на литературата и модата, ја погледна изложбата на ретки дела и на библиотеката ѝ врачи изненадувачки подарок за нејзината збирка.

Меѓу гостите беше и поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, која направи исклучок и ги симна своите препознатливи темни очила за да ја поздрави кралицата. Камила за таа пригода избра темносин свилен фустан и палто од дизајнерката Фиона Клер, кој го украси со брош во боите на британското знаме, на покојната кралица Елизабета Втора.

Ана Винтур и кралицата Камила/Фото: Chris Jackson / Getty images / Profimedia

Во текот на приемот кралицата зборуваше за својата животна љубов кон читањето, која во неа уште во детството ја разбудил нејзиниот татко. Во својот говор кралицата се осврна на библиотеката како на место кое отсекогаш сакала да го посети, па нагласи дека книгите се најдобар пријател и во добрите и во лошите времиња.

Од друга страна, кралот и кралицата се запознаа и со новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани.

Кралот Чарлс и градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Денот во Њујорк го завршија со гала вечера на добротворната организација „Кингс траст“, што ја основаше кралот Чарлс Трети, а која слави 50 години од засилувањето на кариерите на младите луѓе.

На гала вечерата присуствуваа многу познати личност, вклучувајќи го Лајонел Ричи, Иман, Донатела Версаче, Стела Мекарти, Марта Стјуарт, Карли Клос и Јасмин Тукс.

Кралот Чарлс сепак не го откажува своето патување во САД поради пукањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот