ФОТО | Ќерката на Моника Белучи ја маѓепса модната недела: Стајлинг поради кој Париз воздивнувал
Дева Касел (21) се појавила на модната ревија на „Диор“ во Париз, облечена во навидум обичен, многу лежерен стајлинг. Меѓутоа, едно модно парче го кренало целото издание на повисоко ниво.
Препорачано
Инаку, во Париз деновиве се одржува Модната недела на високата мода, каде што можат да се видат многу познати личности.
Од Никол Кидман на ревијата на „Шанел“, Деми Мур и Карла Бруни на ревијата на „Скијапарели“ за пролет/лето 2026, младата манекенка и актерка Дева Касел била во центарот на вниманието на првата висока колекција на Џонатан Андерсон за модната куќа „Диор“.
Модниот свет без здив ја следел модната писта и новиот код на француски луксуз, а во првиот ред токму нивната млада бренд амбасадорка го привлекла вниманието.

Ќерката на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел ги остави зад себе класичните силуети на бал и строгите корсети по кои „Диор“ беше познат во изминатите сезони.
Наместо тоа, убавата Дева се одлучила за „интелектуален шик“ што ја замаглува границата помеѓу високата мода и секојдневната практична „носливост“.
Облеката зрачи со ноншалантна елеганција и го привлекува вниманието.
Класична светлосина кошула со строг крој и благо завиткани ракави и предимензионирани панталони во беж боја, кроени со асиметричен преклоп, се впечатлива комбинација сами по себе.

Сепак, она што најмногу се издвоило во модното издание на Дева Касел е впечатливиот корсет со геометриски принт во тиркизна, портокалова и кафеава боја.
Ова модно парче е богато со текстура и боја и е директна референца за склоноста на Андерсон кон „крафткор“ естетиката.
Дева го ставила елекот во панталоните за да го открие црниот кожен ремен со златна овална тока, детаљ што суптилно ги поврзува горниот и долниот дел од облеката.
Убавата манекенка косата ја стилизирала во опуштена, лелеава фризура со патец во средината, а шминката останала минимална со акцент на свеж тен и малку истакнати усни.


