ФОТО | Ќерката на Моника Белучи го воодушеви светот со својата убавина: Пошармантна од својата славна мајка

моника белучи, дева касел
фото: инстаграм

Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. Сепак, како што стојат работите, нејзините ќерки не само што се достојни наследнички на својата славна мајка, туку и ја надминаа нејзината убавина, особено постарата, 16-годишната Дева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

Имено, Моника Белучи и нејзината ќерка Дева за првпат позираат заедно за насловната страница на „Vogue Italia“. „Ја прашав ќерка ми зошто сака да се фотографираме заедно, и таа ми даде прекрасен одговор: – Затоа што последен пат кога нè фотографираа заедно бев во твојот стомак“, вели Моника која во седмиот месец од бременоста со нејзината прва ќерка беше фотографирана од  Фабрицио Фери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Дева слободно можеме да кажеме дека тргна по стапките на нејзината славна мајка која беше и останува муза на Долчe&Габана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Откако неодамна се појавија фотографии од прошетката на Моника со своите ќерки низ италијанскиот град Портофино каде заедно уживале на одмор, веста за првата насловна страница со својата славна мајка ја сподели Дева на својот инстаграм-профил, а  во описот на фотографијата напиша „Првата насловна страница со мама Моника“.

Многумина не можеа да не прокоментираат дека, како што расте, младата Дева, се повеќе личи на Моника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Многумина се сложија дека сличноста меѓу мајката и ќерката веќе е далеку позабележителна. Несомнено нејзината долга коса и овалното лице се добитната комбинација за блескава манекенска кариера, која се чини дека тргна нагорна линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Да потсетиме, Моника Белучи беше во брак со Касел од 1999 до 2013 година. По разводот тие останале во коректна врска поради нивните две деца. Белучи од октомври 2020 година се забавува со 36-годишниот скулптор и поранешен модел Никола Лефебре, додека Винсент Касел е оженет со манекенката Тина Кунаки, која е 31 година помлада од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот