ФОТО | Ќе се шокирате кога ќе видите какви чевли носи Георгина Родригез, а целиот стајлинг чини илјадници евра!
Георгина Родригез речиси и да не пропушта ниту еден водечки моден настан. Дали тие искуства вродиле со плод, па конечно се претставила во добро модно издание?
Препорачано
Свршеницата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера била гостинка на ревијата на модната куќа „Валентино“ во Рим, каде што се појавила и актерката Гвинет Палтроу. Тоа бил светски спектакл, за кој Георгина Родригез ги избрала моделите на култната модна куќа, од глава до пети, со исклучок на накитот.

Георгина носела кадифен фустан од „Валентино“ од колекцијата пролет 2026. Цената на овој модел е 6.635 долари. Фустанот со отворени рамена со плисе и набори прекрасно ѝ стоел на свршеницата на Роналдо. Истото може да се каже и за фризурата со плетенки.

Стилот го надополнила со пообемна чанта „Валентино“ која чини 3.800 долари и малку го отскокнува целата модна комбинација. Носела часовник „Шопард“ кој чини 40.200 долари, како и раскошни прстени, вклучувајќи го и скапиот свршенички прстен и обетки.

Таа носела чевли „Валентино“ со отворени прсти кои чинат 1.100 долари. Овој модел на чевли предизвика мешани коментари – од воодушевување до критики. Некои ја споредиле со италијанската актерка Моника Белучи, односно нејзината улога во филмот „Малена“.
Георгина Родригез често ја критикуваат поради стилот, а се поради тоа што сака да го истакнува луксузот во кој живее – од летање со приватни авиони, јахти до скап накит и модни парчиња. Неретко поради тоа, прави погрешни и нападни стилски комбинаци.

ФОТО | Го живее животот на максимум: Георгина Родригез во минијатурно бикини ужива покрај плажа


