ФОТО | „Ќе лежеше затвор поради вечера со Путин“: Ова е актерката која бараше руско државјанство

Орнела Мути
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Славната италијанска актерка Орнела Мути, деновиве ќе го прослави својот 67 роденден и изгледа фантастично. Во светските медиуми кружат фотографии од неа, а многумина останаа восхитени кога ја видоа, и имаа причина зошто.

Орнела Мути
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Франческа Романа Ривели, позната во светскиот џет-сет како Орнела Мути, ја започнала својата кариера како модел, а набрзо ја забележале филмските режисери, па набрзо добила и филмски улоги. Најпознати филмови во кои се појави се „Флеш Гордон“ „Il bisbetico domato“, „Оскар“, а на публиката од балканскиот регион најпозната им е по улогата во филмот „Девојката од Трст“.

Убавицата Орнела е една од оние жени чија харизма „отвора врати“, не само поради убавината, туку и реткиот спој на талент и убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ornella Muti (@ornellamuti)

Самата има изјавено дека цел живот е физичка активна, не конзумира алкохол и нејзината исхрана е претежно свежо овошје и зеленчук, мали порции и се придржува на пост.

Мути исто така неколку пати има јавно нагласувано дека е голема противничка на естетската хирургија и изјави дека не сака да се одрече од лицето и телото кое фановите го познаваат, а грижата за своето лице ја одржува со хидратација и креми прилагодени за нејзината возраст.

Орнела Мути
. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Природната убавица, секако има и руски „траги“ во нејзиниот живот. Нејзиниот татко бил наполитански новинар кој се вљубил во мајка ѝ, германско-естонска вајарка, а се запознале и живееле во Санкт Петерзбург, Русија.

Орнела пред извесен период јавно објави дека бара руско државјанство.

„Би било убаво да добијам државјанство, затоа што тоа е дел од мојата култура, преку мојата мајка. Оваа година таа почина, и мислам дека тоа би било убав подарок за неа – изјави актерката.

Имено, Орнела пред неколку години се соочи со можна казна затвор поради „руските“ врски и симпатии, бидејќи лажирала боледување за само да се појави на вечера со рускиот претседател, Владимир Путин.

Италијанска актерка поради вечера со Путин се соочува со затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот