ФОТО | Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон за рака на премиера на новото шоу

Ким и Пит, Фото: Јутјуб-принтскрин

За врската на Ким и Пит се зборува од минатиот октомври и истата заработи уште повеќе внимание од медиумите поради постојаните предизвици од страна на огорчениот Канје Вест. Но, со повлекувањето на Канје со намера да поработи на менталното здравје, Ким и Пит изгледа полесно дишат.

Ким Кардашијан го донесе момчето Пит Дејвидсон на премиерата на новото ријали шоу „The Kardashians“ во продукција на „Hulu“ во четвртокот вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nssmagazine (@nssmagazine)

Парот беше виден како се држат за рака во студиото Гоја во Лос Анџелес. Кардашијан носеше елегантен сребрен фустан кој го гушка телото, додека Дејвидсон се претстави во јавноста – лежерно со црн блејзер над белата маица.

Ким(41) и Пит(28) првпат се појавија заедно во медиумите во октомври кога Ким беше водителка на епизода на „SNL“ и споделија бакнеж на екранот во скеч на тема Дизни, во кој ги глумеа Јасмин и Аладин.

Подоцна истиот месец, двајцата беа фотографирани како се држат за раце во забавен парк во Јужна Калифорнија. Таму беа со Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, кои Дејвидсон ги познава преку нивниот заеднички пријател Машин Ган Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑Queen🔵 (@queenofgistblog)

ФОТО | Кортни Кардашијан сподели фотографии од пробната венчавка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот