ФОТО | Кортни Кардашијан сподели фотографии од пробната венчавка

Кортни Кардашијан, Тревис Баркер, Фото: Инстаграм

Вчера одекна веста дека се омажила најстарата сестра од славното семејство Кардашијан. Кортни и свршеникот Тревис Баркер имаа „пробна“ венчавка во Лас Вегас.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во тајност: Бракот не е легален

Кортни ја потврди својата лажна венчавка со објава на нејзиниот инстаграм-профил во средата.

„Ги најдов овие во мојот фотоапарат. Еднаш многу одамна во една далечна земја (Лас Вегас), во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, една кралица и нејзиниот убав крал влегоа во единствената отворена капела со двојник на Елвис и се венчаа (без лиценца)“, напиша таа, додавајќи: „Со вежбање до совршенство“, напиша таа во серијата фотографии од импровизираната церемонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Кардашијан и рокерот се венчаа во капелата во градот на гревовите приближно во 1:30 часот во понеделникот, по доделувањето на овогодинешните Греми награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот