Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во тајност: Бракот не е легален

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, Фото: Инстаграм

Наводно, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Лас Вегас по доделувањето на Греми наградите. Во средината на ноќта околу 1:30 часот по полноќ, само неколку часа откако Баркер настапи на Греми наградите, парот влегол во капела во градот на казината. Баркер побарал бракот да биде склучен пред имитатор на Елвис.

Церемонијата иако била свадбена, бе била легална, бидејќи никогаш не добиле дозвола за брак, изјави анонимен извор за „Page Six“.

„Тие имаа церемонија, но на хартија сè уште не е легално“, сподели еден од инсајдерите во вторникот наутро.

Евиденцијата на округот Кларк за лиценци и сертификати за брак, исто така, покажува дека двојката никогаш не аплицирала ниту ја добила дозволата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style Me Pretty (@stylemepretty)

Со оглед на тоа дека лажно „избегале“ во Вегас за забава, можеби вистинска свадба е веднаш зад аголот. Извори за „TMZ“ изјавија дека Кардашијан(42) и Баркер(46) планираат „неколку“ други прослави.

Модерните сестри Кардашијан – Џенер: Кои се татковците на нивните деца

Ова ќе биде прв брак на поранешната ѕвезда на „Keeping Up With the Kardashian“, додека за Баркер ќе биде трет. Кардашијан има три деца со поранешниот Скот Дисик, а Баркер има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PARADE (@parade.media)

Кардашијан и Баркер се свршија со запросување на плажа во октомври 2021 година, откако беа во врска околу девет месеци. Музичарот ја запроси Кортни во хотелот „Rosewood Miramar Beach“ опкружен со многу црвени рози и бели свеќи.

ФОТО+ВИДЕО | Кортни Кардашијан се сврши со тапанарот, ќе паднете во несвест кога ќе го видите огромниот дијамант

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот