ФОТО | Калиопи сподели фотографии на кои ужива во друштво на семејството: Tи благодарам мамо… Те сакам!

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот целосно го поремети текот на животот, но и на работењето, па така многу естрадни ѕвезди наместо на настапите и творењето, им се посветија на своите членови од семејството.

Една од нив е и нашата пејачка Калиопи Букле која со своите фанови на Инстаграм покажа како и колку ужива во друштво на својата мајка и сестра, нешто за што можеби немаше толку слободно време претходно.

Фото: Инстаграм

Калиопи во последно време е поактивна на социјалните мрежи каде постојано се дружи со своите фанови и љубителите на музиката, но многу ретко споделува приватни фотографии од неа или пак од членовите на нејзиното семејство.

Фото: Инстаграм

Овојпат македонската дива одлучи да сподели фотографии од својата мајка и сестра, а воедно и јавно да и се заблагодари на мајка си.

Трите дами на фотографиите зрачат со позитивна енергија, уживајќи заедно.

„Добра страна на пандемијата – повеќе моменти како овој….Tи благодарам мамо што му пркосиш на времето и го чуваш младиот дух кој го споделуваш со нас“, Те сакаме“, напиша таа покрај споделените фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот