ФОТО | Како да направите качамак: Најдобар рецепт за традиционалниот македонски појадок

Фото: Профимедиа

Качамак е традиционално македонско јадење што се прави од пченкарно брашно, а се служи со сирење, млеко, кајмак, сланина, чварки… има безброј варијации. Јадење со кое пораснале многу генерации, а најчесто се служи за појадок. Се прави брзо, па секогаш е прв избор кога размислувате што да јадете. Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција.

Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисела павлака и кајмак. Ова е вкусен бакрданик подготвен на македонски начин.

Состојки:

– 200 гр пченкарно брашно
– 500 мл
– сол
– 50 гр сува сланина
– 100 гр тврдо сирење
– 2 лажици џимиринки
– 2 лажици кајмак или кисела павлака

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Tubic (@sanja_homemade_cooking)

Подготовка:

Во тенџерето сипете вода и посолете. Кога ќе зоврие, постепено додавајте го брашното и постојано, малку побрзо мешајте со жица за матење, притоа намалете го оганот. Гответе ја кашата околу 5 минути. Потоа намалете ја температурата и мешајте додека смесата не се згусне. Тргнете од оган. Во тавче исечкајте ја сланината да се растопи додека не стане крцкава. Извадете ја сланината и додадете ги џимиринките во маснотијата да се загреат добро, внимавајќи да не изгорат. Тргнете од ринглата. Во садот во кој ќе послужите, на дното ставете малку сирење и кајмак и одозгора сипете ја кашата. Ставете малку џимиринки и пржена сланина. Во средината повторно додадете сирење, павлака, сланина и џимиринки. Дополнете со качамак и поросете со сирење, додадете ги кајмакот или павлаката, џимиринките и сланината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Nikolić (@jeca.jeka)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот