ФОТО: Кајли Џенер ја покажа луксузната бања, фановите ја исмејаа поради еден детаљ

Фото: Инстаграм

Кајли Џенер ја исмејаа следбениците на Инстаграм откако објави видео од својата луксузна бања, во која целото внимание го украде нејзиниот туш.

Како што може да се види во видеото, млазот вода кој излегува од тушот поприлично е слаб, поради што обожавателите започнаа да пишуваат дека парите не можат да ја купат среќата, но во случајот на Кајли не може да платат ниту добар водоинсталатер.

„Кајли живее во вила од 35 милиони долари, а ова е нејзиниот туш“, напиша една корисничка на Твитер и објави принтскрин од видеото.

„Парите не можат да ти купат среќа, а ниту добар водоинсталатер, мојот туш дома е далеку подобар. Не само што нема доволно притисок, туку и главата на тушот е малечка“, напиша друг корисник.

Некои започнаа да се шегуваат дека се чувствуваат подобро сега кога знаат дека имаат подобар туш од Кајли Џенер, а некои пишуваа дека и тие имаат ист таков.

„Сега ми е полесно кога знам дека не сум единствениот со ваков туш“, заклучи друг корисник во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот