ФОТО | Јелена Розга доби предлог за брак: Објави фотографии облечена во фустан од 265 евра

Фото: Инстаграм/ Jelena Rozga

Хрватската пејачка Јелена Розга на својот Инстаграм објави две фотографии на кои позира на непозната локација, а објавата набрзо стана хит и собра повеќе од 9 илјади лајкови и бројни коментари, меѓу кои и една понуда за брак, пишува хрватски „Индекс“.

„Да не бев 31 година помлад од тебе, ќе се оженев за тебе Јелена“, ѝ напиша еден обожавател, а други се надоврзаа со комплименти упатени до пејачката: „ Убава кралица“, „Убава како и секогаш“ и „Поубава и од најубавите“.

Фото: Инстаграм/ Jelena Rozga

Таа позира облечена во син фустан кој одлично и стои, а го искомбинирала со бели сандали, очила за сонце и пристоен накит.

Станува збор за миди фустан од брендот „Гани“ (Ganni), дизајниран за припиена силуета и се одликува со набрано деколте и голи рамења. Фустанот е направен од органски памук, чини 265 евра, а можете да го погледнете овде.

Фото: Инстаграм/ Jelena Rozga

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот