Тори Спелинг / Фото: Profimedia

ФОТО | Ја засени и Тејлор Свифт – Ѕвездата од „Беверли Хилс“ со импресивна креација на црвениот тепих

Иако целото внимание на музичките награди на „Ај харт рејдио“, што се одржаа завчера во Лос Анџелес, беше насочено кон Тејлор Свифт и Тревис Келси, актерката Тори Спелинг не помина незабележано на црвениот тепих. Нејзиниот фустан стана главна тема по настанот.

Педесет и двегодишната Спелинг привлече внимание во тесен, впечатлив црвен фустан со полупроѕирен корсет и длабоко деколте. Со оваа заводлива комбинација таа ја истакна својата фигура, а и корисниците на социјалните мрежи се согласија дека „го освоила“ црвениот тепих.

Елегантниот фустан дополнително ја нагласи нејзината линија, а долгите нозе ги истакна со светкава сукња со висок шлиц до бутот. Поранешната ѕвезда од серијата „Беверли Хилс 90210“ (Beverly Hills, 90210) изгледот го надополни со светкави сребрени платформи.

Тори Спелинг / Фото: Profimedia

Својот впечатлив изглед го заокружи со пократка, платинесто руса коса и сребрен накит, вклучувајќи прстени и висечки обетки.

Овој нејзин настап доаѓа по критиките што ги добиваше за естетските корекции во текот на годините. Таа неодамна отворено проговори за негативните коментари, откривајќи дека тие ја повредиле.

„Ужасно е. Имам 52 години. Во мај ќе наполнам 53 и намерно одам во поинаква насока, бидејќи на секоја фотографија што ќе ја објавам, луѓето ми пишуваат: ‘Престани со филерите.’ Јас им одговарам: ‘Не сум!’“, изјави таа во разговор со пластичен хирург во својот поткаст.

Тори Спелинг и Дин Мекдермот го финализираа разводот по повеќе од две години откако се разделени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот