ФОТО | Ја освои публиката како Кока од „Подобар живот“, а преживеа огромна трагедија: Јелица Сретеновиќ со трогателна приказна за својата загуба

Јелица Сретеновиќ/Youtube
Јелица Сретеновиќ/Youtube

Јелица Сретеновиќ е важно и познато име во актерските кругови во Србија. Публиката ја засака како Ковиљка „Кока“, во серијата „Подобар живот“, но потоа и следните улоги во филмовите „Лажливо лето“, „Полицаецот од Петлово Брдо“, „Ќе биде подобро“, „Љубов, навика, паника“. Во мигов е актуелна во популарната хумористична серија „Тато“ во која ја глуми мајката на еден од главните ликови, пренесува „Оbjektiv“

Сепак публиката не ги знае деталите од нејзиниот приватен живот. И самата Јелица еднаш изјави дека за нејзиниот живот може да се сними и филм!

Имала тешко детство, нејзината мајка ја одгледувала сама, таткото ги напуштил кога глумицата имала само неколку години. Подоцна Јелица го нарекува татко си „мангупот од Црвен крст“, и со тоа го оправдувала неговото напуштање. Како малечка сакала да биде глумица, но не била многу заинтересирана за учење. По втора година средно, го напушта училиштето. И сево ова поради – глумата.

Додека нејзините врсници оделе на часови, Јелица се запишала на Факултетот за драмски уметности. Ја забележале како една од најмладите студенти на тој факултет, затоа што била примена на само 16 години во класата на професорот Предраг Бајчетиќ, со Горица Поповиќ, Тања Бошковиќ, Радмила Живковиќ…

„Толку бев сигурна дека ќе го положам приемниот испит, што не ни размислував за друга опција. Добив и шлаканица од секретарот во училиштето. Ме праша дали сум нормална, и рече дека не може да поверува дека се запишувам на драма, а немам завршено ни средно! – изјави еднаш Јелица за најлудите денови во својот живот.

На само 19 години се омажила со Милош Сретеновиќ, кој според неа, ја „уловил на прв поглед“.

„Тој практично ме гледаше како растам. Ме знаеше од мала, уште кога бев ученичка. Иако се знаевме од порано, нашата средба по сите години беше љубов на прв поглед. Се забавувавме една година. Миша беше сериозен човек. А јас сакав да одам на забави, во диско. Ќе дојдеше човекот со мене, јас ќе се изнаиграм, а тој седи во ќош и ме чека и ќе се прекрсти, хахаха. Сјаен човек! – вели Јелица, со доза носталгија.

Јелица станува мајка за првпат на едвај 20 години, кога ја добива ќерката Ана,  баш во времето кога треба да го полага завршниот испит.

„Ана се роди во април, а во мај беше испитот за трета година. Сериозен, голем испит. Излегов од породилното за да полагам. Кога сакаш, можеш сè .

По 11 години откако ја раѓа ќерката Ана, се раѓа втората ќерка Оља. Откако дипломирала, почнала да глуми и во театар. Дури по својата 25 година почнува да ги добива своите поголеми улоги. Една од нив е токму на Кока, харизматичната улога на младата кокета во „Подобар живот“.

За жал, идеалното семејство доживува тешка трагедија во 1999 година, кога сопругот изненадно починува од срцеви проблеми. Јелица останува вдовица на 45 години и никогаш не се премажува. Животот им го посвети на своите ќерки и внуци.  Самата изјави дека најголем успех во животот се токму нејзиниот брак кој траел 25 години, децата со кои е многу поврзана и кариерата која и покрај сите препреки, успешно ја „менаџира“ до денес.

Видео на денот