ФОТО | Ирена шири радост и во Грција: Дизајнираше „близначка“ кукличка за една бабичка

Фото: Приватна архива

Дизајнерката на кукли, Ирена Трпеска, е омилена меѓу дечињата, особено меѓу оние кои веќе имаат плетена кукличка изработена според сопствениот модел – со исти очиња, носе, коса, облека …па дури и очила, доколку ги носат, односно кукличките на Ирена се „фотокопии“ на изгледот на нарачателот – детенце.

За изработка на кукли, Ирена користи памучни конци за телото и за облеката, волница и акрилни конци за косата и за некои додатоци, а полнењето е силиконско. За изработката на облеката и модните додатоци на куклите пак, користи тул, тантела, филц, пластични и дрвени копчиња, сатенски ленти, бисери, бои за текстил… Времето за изработка на една кукла секогаш зависи од тоа колку е комплицирана куклата, колку парчиња облека има, колку додатоци…

И дотука приказната е навидум „обична“. Необичноста пак, дизајнерката ја најави со радост:

– После мноогу порачки на кукли од баби за своите сакани внуки, добив порачка да изработам кукла што ќе личи на саканата баба!  Верувам дека оваа госпоѓа ќе го добие најубавиот и најуникатниот подарок од својата внука. Куклата прво ќе ја пратиме во Битола а потоа ќе отпатува преку граница и добив ветување дека ќе добијам слика од бабата и кукличката, рече неодамна радосната Ирена, благодарна за довербата и интересната порачка, која ѝ била предизвик, бидејќи првпат плете баба.
Речено-стрено! И тоа сторено многу професионално.
Така, кукличката отпатува во соседна Грција и пристигна – во вистински раце.

Разнежнети од оваа убава приказна на дизајнерката Ирена, ја исконтактиравме Слободанка Павлова, која во приказнава е нарачателка на кукличката, односно „изненадувачката“.

Слободанка Павлова, фото – приватна архива

Идеја за куклата добив кога бабата виде кукла што ја порачав за другарка ми и многу се израдува, па прашав дали може да направат и кукла за бабата, без бабата да знае, искрена е Слободнака и додава – Кога ѝ ја однесов куклата ја гушкаше и рече дека многу личи на неа.

Во продолжение, „фрлете“ поглед на среќната госпоѓа и кукличката…

 

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот