ФОТО | Хрватка глуми во новиот „Бетмен“: Ме испратија на тајна аудиција…

Фото: Инстаграм/ Варнер брос/ Профимедиа

Новото продолжение на „Бетмен“ конечно пристигна во македонските кина, а во него глуми една симпатична Хрватка.

Продолжението на познатите филмови за суперхеројот заработи 128,5 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето и со тоа стана еден од најгледаните филмови во светот во моментов.

Во него се појави млада актерка од Загреб.

Станува збор за Хана Хржиќ која го толкува ликот на Аника, најдобрата пријателка на „Жена-мачка“ (Catwoman) и љубовница на градоначалникот на Готам. Младата надеж на хрватскиот театар се огласи на својот Инстаграм по повод големиот ангажман.

„Неверојатно сум почестена што ја добив можноста да ја глумам Аника Косолов во „Бетмен“ на Мет Рив“, напишала Хана.

„Сѐ што можам да кажам е дека сите мои соништа се остварија. Голема благодарност до целата актерска екипа, сите богови и божици на костимите, фризурите и филмски сет бидејќи тие се апсолутно најдобри. Потоа, на екипата за кастинг затоа што ми ја дадоа оваа можност и секако на прекрасната Фло Роуз и Independent Talent Group кои ме поддржаа на ова патување.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanahrzic

Ликот „Жена-мачка“ го игра ќерката на Лени Кравиц, Зои Кравиц.

Хана имала можност да биде со Зои Кравиц во една од сцените и тоа, како што вели, било „феноменално, како да го живеете најдобриот сон досега“.

„Но, најубавото нешто е што таа е исклучително драга личност. Разговаравме до радијаторот околу два часа по пукањето бидејќи беше студено“, рекла Хана.

„И секако голема благодарност до моите пријатели и семејството што секогаш беа тука за мене. „Бетмен“ сега е во кината“, изјавила Хана.

Оваа улога на Хана ѝ била понудена по дипломирањето на Драмската академија во Лондон. Таа не знаела на која аудиција ќе оди, а пет минути пред да влезе во собата ѝрекле дека тоа е продолжение на „Бетмен“.

Роберт Патинсон, новиот Бетмен, го видела само оддалеку, а поради пандемијата на коронавирусот и рестрикциите кои го стопираа снимањето, филмот се снимаше година и пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanahrzic


Снимањето на „Бетмен било најдоброто искуство во нејзиниот живот. Она што најмногу ја импресионирало е тоа што таа отсекогаш била голема љубителка на Бетмен. Инаку, таа добила стипендија за студирање во Лондон преку Кевин Спејси, кој ја отворил фондацијата затоа што кога бил млад и нему му дале стипендија, па тој решил да го стори истото, пренесува „Јутарњи лист“.

Новиот Бетмен руши рекорди: Над 100 милиони долари заработка за два дена!

ГАЛЕРИЈА | Премиера на новиот филм за Бетмен: Роберт Патинсон и Зои Кравиц блеснаа на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот