ФОТО: Хотел сместен на стадион во Англија ги казнува гостите ако натпреварот го гледаат преку прозор
Хотелот кој се наоѓа во рамките на стадионот на англискиот клуб Блекпул воведе строги мерки за гостите, вклучително и парични казни до 3.000 евра доколку за време на натпреварите го следат натпреварот преку прозорците од своите соби, објави „Телеграф“.
Препорачано
Според информациите, хотелот на својата официјална веб-страница наведува дека гостите кои престојуваат во луксузни соби со директен поглед кон теренот се должни да ги спуштат завесите цели 90 минути пред почетокот на секој домашен натпревар и да ги држат затворени во текот на целиот натпревар.

Овие правила важат и покрај фактот што цените на собите на деновите кога се играат натпревари значително се зголемуваат, па ноќевање чини и до 160 евра, и тоа во простории кои претходно биле користени како ВИП-ложи.
💸 ‘You absolutely need to draw the curtains’
Football fans staying in a pitch-view room at this Blackpool venue risk falling foul of a confusing match-day rule
Find out more ⬇️https://t.co/iYuCzuWdHT pic.twitter.com/fBWlhAau8d
— The Telegraph (@Telegraph) January 7, 2026
Новинар на „Телеграф“, кој неодамна престојувал во хотелот за време на натпреварот меѓу Блекпул и Брадфорд, открива дека при пријавувањето не бил информиран за обврската да ги затвори завесите, и тоа нешто повеќе од еден час пред почетокот на дуелот.
„Ние како хотел директно не надгледуваме, но апсолутно мора да ги спуштите завесите. Наводно, може да бидете казнети со околу 3.000 евра ако ве фатат“, го предупредил рецепционерот.
Хотелот се повикува на Законот за спортски настани од 1985 година, кој забранува консумирање алкохол на места од кои може да се гледа теренот за време на натпревари во првите пет ранга на англискиот фудбал.
Токму поради тоа, хотелските соби со поглед кон теренот, каде што гостите теоретски би можеле да консумираат алкохол, може да се сметаат за прекршување на законот, што во краен случај може да резултира со прекршочна казна од трет степен во износ од околу 1.150 евра, доколку случајот заврши пред суд.



