Фото: Instagram

ФОТО | Грожан ја доби назад кацигата од страшната несреќа во Бахреин: Моите деца сакаа да знаат како останав жив

Поранешниот возач во Формула 1, Роман Грожан, откри дека неодамна повторно ја добил кацигата која му го спаси животот за време на страшната несреќа на трката за Големата награда на Бахреин во 2020 година.

Грожан својот последен настап во Формула 1 го имаше на патеката Сахир, кога уште во првиот круг драматично излета од патеката и ја проби заштитната ограда. Болидот на Хас со кој управуваше се преполови и се запали, а пламените јазици ја проголтаа кабината. По моменти што изгледаа како вечност, Французинот успеа сам да излезе од кокпитот, иако претрпе изгореници на двете раце.

Сега, преку социјалните мрежи, Грожан сподели две фотографии од својата изгорена кацига од Бахреин, откривајќи и повеќе детали за причината за објавата.

„Пет години по 29 ноември 2020 година, повторно ја имам мојата тркачка кацига. Не знаев дали сум подготвен повторно да ја видам, но моите деца навистина сакаа да разберат како сум успеал да се заштитам во пожарот и што точно се случи таа ноќ. Засекогаш ќе бидам благодарен на оние кои ја изработија и ме заштитија на најдобар можен начин во тој момент. Животот продолжува и многу работи се забораваат, но ова ме потсетува колку треба секој ден максимално да го искористиме“, порача Грожан.

Фото: Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот