ФОТО: Голманот на РК Алкалоид Галевски со најмногу одбрани на колото во Европската лига на ЕХФ
Ракометарите на Алкалоид сезонава за првпат во својата клупска историја настапија на меѓународната сцена и прв впечаток е дека се покажаа како достојни ривали и со гордост го претставуваа македонскиот ракомет.
Препорачано
Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров не само што го освоија првиот европски бод, туку и ја остварија првата европска победа.
Во последното шесто коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ македонскиот вицешампион триумфираше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје против Ла Риоха од Шпанија, а против истиот ривал РК Алкалоид дојде и до првиот бод во Европа на гостински терен.
Европската ракометна федерација ги објави играчите кои покажаа најдобри перформанси во последното коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.
Една од најголемите македонски ракометни надежи, Иван Галевски блескаше против шпанската Ла Риоха со 17 одбрани. Интересно, истиот учинок го имаше и неговиот колега на спротивната страна, Кристоф Ласло Палисич.
The most oustanding performance was:
? Andy Schmid
? Victor Kireev
? August Pedersen
? Ivan Galeveski & Kristof Palsics #ehfel #elm #allin @FuechseBerlin @SGFleHa @HandballSchweiz pic.twitter.com/u78VriRtR4— EHF European League (@ehfel_official) December 6, 2023


