Историска прва победа на Алкалоид во Европската лига

Фото: РК Алкалоид

Maкедонскиот ракометен шампион РК Алкалоид го запиша првиот триумф во Европската лига на ЕХФ откако вечерва со 28:27 ја совладаа Ла Риоха.

Гостите од Шпанија играа добро во поголем дел од првото полувреме, па во еден моомент поведоа и со пет гол разлика 10:5. Но, македонскиот претставник го засии темпото и во завршницата од првиот дел успеа да дојде до „минус два“ на полувремето (15:13).

Почетокот на вториот дел му припадна на Алкалоид, па многу брзо избраниците на Лазаров имаа водство од 18:14. По водството на Алкалоид следуваше серија на Ла Риоха од 5:0 за 19:18.

Сепак, македонскиот тим не се предаде и се бореше храбро до завршницата кога го скрши шпанскиот ривал и славеше со 28:27.

Митев со десет гола беше најефикасен, пет пстигна Џонов, а четири Велковски, додека на голот брилијантен беше Галевски со 17 успешни интервенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот