Кралот Чарлс и внуката, принцезата Шарлот пред цркавата за Велигден: DPPA / Sipa USA / Profimedia

ФОТО | Го прекршил протоколот: Преслаткиот момент на кралот Чарлс и принцезата Шарлот пред црквата

Британското кралско семејство овој викенд повторно се собрало во полн состав за традиционалната велигденска миса пред капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор. Иако протоколот налагал строга формалност, 77-годишниот крал Чарлс не можел да одолее на тоа да ја покаже својата емотивна страна пред сите, приредувајќи пресладок момент со својата внука, принцезата Шарлот.

Кралот Чарлс и внуката, принцезата Шарлот пред цркавата за Велигден: DPPA / Sipa USA / Profimedia


Пред самото влегување во црквата, британскиот монарх застанал на момент, широко се насмевнал и нежно ја допрел принцезата Шарлот по рамото.
Овој топол потег веднаш го привлекол вниманието на сите присутни и на објективот на камерата, покажувајќи колку длабоко е поврзан кралот со своето семејство, и покрај строгите кралски правила и неодамнешните здравствени проблеми. По овој трогателен поздрав, Чарлс Трети влегол во капелата, а по него кралицата Камила, принцот Вилијам, принцезата Кејт и малите принцови Џорџ и Луис.

Кралот Чарлс и внуката, принцезата Шарлот пред цркавата за Велигден: DPPA / Sipa USA / Profimedia

Кралот бил видливо расположен, мавтајќи срдечно кон насобраните луѓе. Додека Чарлс и Камила пристигнале во државниот автомобил „бентли“, високите членови на кралското семејство, предводени од принцот и принцезата од Велс, до црквата прошетале од замокот Виндзор. Кралицата Камила за таа пригода избрала впечатлив црвен фустан од креп волна од Фиона Клер, а посебен детаљ бил брошот што некогаш ѝ припаѓал на покојната кралица Елизабета Втора.

Принцезата Шарлот, облечена во пресладок фустан преку кој носела палто со кадифена јака, им мавташе на луѓето додека малиот Луис гордо чекорел покрај неа.

Забележително било отсуството на поранешниот принц Ендру и неговите ќерки, принцезите Беатрис и Евгенија. Иако присуствувале на мисата минатата година, овој пат, во договор со кралот, било одлучено тие да го прескокнат традиционалното собирање. Извори тврдат дека тие ќе се приклучат на семејството во иднина, но сегашните околности и неодамнешниот јавен притисок поради нивната поврзаност со Џефри Епстин јасно пресудија во корист на нивното отсуство.

ФОТО | Поранешниот принц Ендру првпат се појави во јавност по апсењето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот