ФОТО | „Гледајќи го овој филм повторно ги засакав Евреите“: Канје Вест се врати на Инстаграм

Канје Вест ја објави првата објава на Инстаграм по долга пауза. Американскиот рапер објави постер за филмот „Macho and Nerd“ (2012). Според него, откако го гледал, „повторно ги засакал Евреите“.

Је објави постер за филмот „Macho and Nerd“ (2012). Според него, откако го гледал, „повторно ги засакал Евреите“.
„Гледајчи го Џон Хил во „21 Jump street“ повторно ги засакав Евреите. Никој не треба да го претвори гневот кон еден или двајца луѓе во омраза кон милиони невини луѓе. Ниту еден христијанин не може да се нарече антисемит, имајќи предвид дека Исус е Евреин“, напиша раперот.
Раперот одделно му се заблагодари на главниот актер Џон Хил.
View this post on Instagram
Во јануари 2023 година, Канје Вест се ожени со својата поранешна вработена Бјанка Ценсори. Девојката која личи на поранешната сопруга на раперот Ким Кардашијан работеше во тимот на брендот „Yeezy“.
Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот
„Адидас“ не знае што да прави со илјадниците патики со потпис на Канје Вест
Канје Вест скапо го чини „Адидас“, годинава е можна загуба за првпат по три децении
ВИДЕО | Канје Вест под истрага поради наводен напад врз жена која го фотографирала