Канје Вест скапо го чини „Адидас“, годинава е можна загуба за првпат по три децении

Акциите на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ неделава „потонаа“, паѓајќи за над десет отсто, што е најголем пад во последните речиси три години. Со ова, пазарната вредност на компанијата падна за три милијарди долари.

Компанијата по третпат во последните четири месеци ги намали предвидувањата за висината на добивката на крајот на оваа година.

Според пресметките, „Адидас“ во најдобар случај годината ќе ја заврши на „позитивна нула“, а во најлош – може да загуби до 700 милиони долари. Причината за проблемите на компанијата беше раскинувањето на договорот со контроверзниот рапер Канје Вест, со кој „Адидас“ ја дизајнираше колекцијата „Јизи“. Тој беше „набркан“ од спонзорскиот договор откако изнесе антисемитски ставови во интервју, по што и други големи компании му го свртеа грбот и го загуби поголемиот дел од своето богатство.

Извршниот директор на „Адидас“ Бјорн Гулден денеска предупреди дека дебаклот со моделот на „Yeezy“ патики може да ја доведе компанијата до загуба од 700 милиони евра.

Како што пренесува „Блумберг“, Гулден изјавил дека „Адидас“, на чие чело Норвежанецот дојде во јануари, е на пат да забележи загуба за првпат по повеќе од 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот