ВИДЕО | Канје Вест под истрага поради наводен напад врз жена која го фотографирала

Раперот Канје Вест во петокот се нашол во конфликтна ситуација со жена која се обидела да го фотографира, при што ѝ го зел телефонот и ѝ го фрлил на земја.
Како што објави „Ју-ес магазин“, портпаролот на шерифот на округот Вентура ја потврди информацијата дека Вест е под истрага поради „нанесување тешки повреди“.
Заедно со пријавата, која жената ја поднела веднаш по инцидентот, била доставена и видеоснимка како доказ, на која може да се види расправијата меѓу раперот и жената, односно моментот кога тој ѝ го фрла телефонот на земја.
„Престанете со камерите“, ѝ вели Вест, додека жената му одговора дека тој е позната личност и дека треба да сноси со такви ситуации.
Евидентно изнервиран, Вест ѝ го фрлил телефонот на земја и се вратил во својот автомобил, каде го чекала неговата сопруга Бјанка Цензори.
Вест заминал пред да пристигне полицијата.
— Média French Rap 🇺🇸 (@Media_FrenchRap) January 28, 2023
Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот