ФОТО | Георгина Родригез од гаќи во свечен фустан: Партнерката на Роналдо ги истакна бујните облини на црвениот тепих во Венеција

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Филмскиот фестивал во Венеција влегува во своето големо финале. Во Мостра пристигна и Георгина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, која веќе неколку години е редовен гостин на фестивалот. Нејзините изданија во Венеција се секогаш секси и забележливи, а така беше и овој пат, кога познатата инфлуенсерка се појави на аеродромот Марко Поло во шорцеви, мрежести хулахопки и класични потпетици.

Георгина синоќа пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција и присуствуваше на 20-годишнината од доделувањето на наградите „Diva e Donna“ на црвениот тепих. Се појави во гламурозно издание, кое истовремено плени со својата едноставност.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Убавата 30-годишна девојка се одлучи за тоалета потпишана од модната куќа „Оскар де ла Рента“, кој отсекогаш бил синоним за висока мода, а се покажа како совршен избор.

Станува збор за луксузен долг фустан од бел шифон, кој во горниот дел ја „следи“ фигурата на Георгина, создавајќи илузија на силуета на песочен часовник, иако оваа дама нема таков тип на градба.

Креацијата е набрана во горниот дел, додека долниот дел е пуштен во нежно здолниште со убав пад и длабок шлиц кој повремено би ги открил исончаните нозе на Аргентинката.

Фустанот, иако многу префинет и елегантен, сепак го истакна бујното деколте на партнерката на Роналд, и ја истакна нејзината сексапилност. Изданието го комплетираше со дијамантски обетки и прекрасно ланче со цветови од брендот „Pasquale Bruni“.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот