ФОТО: Фудбалските легенди на премиерата на документарецот „Патот на Кобра до ѕвездите“

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев доби документарец за неговата слава кој ја имаше премиерата во хотелот „Александар Палас“.

Документарецот за македонската фудбалска легенда е заедничка изработка на „Спортклуб“, Спортнетворк“ и „Спортското радио 90.3“. Документарецот го носи името „Патот на Кобра до ѕвездите“, на кој Панчев гледа како круна на кариерата.

– Постигнав многу голови во кариерата, а еден голгетер според мене не треба да гледа кој гол е убав, треба да ги има што повеќе. Секој гол кој што сум го постигнал миу е драг. Документарец се прави само ако имате што да прикажате и кажете во него. Исто така во изработка е и моја автобиографска книга – вели Панчев.

На оваа церемонија присуствуваа бројни негови пријатели, познати фудбалски имиња како Дејан Савичевиќ, сегашниот селектор на српската репрезентација Драган Стојковиќ – Пикси, како и селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

Како и Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ, Васил Рингов, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Фудбалската федерција на Македонија предводена од претседателот Муамед Сејдини, поранешниот прв човек на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, архиепископот на МПЦ господин-господин Стефан…

Панчев како подароци доби дресови на фудбалската репрезентација на Македонија и на Црвена звезда од Сејдини, односно Ѓуровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот