ФОТО: Фотографијата на Џо Бајден од младоста предизвика бура на интернет – Вака изгледал новиот претседател на Америка!

Фото: Профимедиа

Џо Бајден официјално стана 46-от американски претседател, но еден детал овие денови, го одвлече вниманието од неговата политика и победа.

Демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите во Америка, кои се одржаа пред една недела, успеа да го собори од власт Доналд Трамп. Борбата беше жестока, но една фотографија што се појави на Инстаграм, успеа малку да го одвлече вниманието од политиката и моменталната состојба со вирусот корона, на малку подобра тема.

Имено, на Инстаграм се појави фотографија од младиот Џо Бајден, кој очигледно бил позгоден од Џек Кенеди, по кого лудуваа жените ширум планетата. Коментарите под сликата се претежно пофални зборови за неговиот изглед, а една жена се пошегува и рече: „Ако Бајден ми се јавеше во 8,33, јас би му се јавила во 8,32“.

Бајден на фотографијата има 26 години, студент е на Универзитетот во Делавер, тој изгледа опуштено во обична бордо маица и позира пред палмите со насмевка.

Многу познати личности ја споделија оваа фотографија, а меѓу нив е и Бијонсе.

Фото: Инстаграм

Џо Бајден и неговата сопруга Џил ќе се преселат во Белата куќа во јануари 2021 година.

ФОТО | Трагичната животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот