Принцот Хари/Ајлин Гу/Џастин Трудо/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Фантастично трио: Принцот Хари со Трудо и олимписката победничка на скијање

Британскиот принц Хари деновиве ужива на скијање во одбрано друштво. Олимписката победничка Ајлин Гу објави фотографија на која позира со војводата од Сасекс и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Фотографијата е направена на жичарницата, а триото позирало насмеано во целосна скијачка опрема.

Принцот Хари, Ајлин Гу и Џастин Трудо на скијање/Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Оваа недела!!“, кратко напишала Гу со објавата на Инстаграм, откривајќи дел од својата неодамнешна авантура.

Заедно со главната фотографија, Гу сподели и низа други моменти од приватниот живот, вклучувајќи патувања, гастрономија и дружење со пријателите. Меѓу нив се појавува и пејачката Кети Пери, партнерката на Џастин Трудо.

Принцот Хари и Трудо со години се пријатели. Поранешниот канадски премиер неодамна присуствуваше на игрите Инвиктус Ванкувер вистлер 2025, спортски настан што Хари го започна во 2014 година, каде што беа видени како заедно разговараат и се смеат.

Истиот ден кога беше објавена фотографијата од скијањето, Меган Маркл сподели видео од нивниот син Арчи како учи да скија со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

„Моите момчиња. Брзо учиш, Арчи! Многу сум горда“, напиша таа покрај фотографијата на Хари и Арчи како скијаат заедно без стапови.

Скијањето е долгогодишна страст за Хари, уште од неговото детство кога редовно одел во Лех во Австрија со својата мајка, принцезата Дијана. Тие патувања, како што подоцна напиша во своите мемоари „Резерва“, биле исполнети со „прекрасни спомени“ за него.

„Со години сериозно размислував да работам во скијачкиот центар во Лех на Арлберг, каде што мајка ми нè носеше“, напиша Хари, потсетувајќи се на својата желба да се врати на тоа место.

Сопственикот на хотелот „Арлберг“, Ханес Шнајдер, кој со години бил домаќин на принцезата Дијана и нејзините синови Вилијам и Хари, неодамна зборувал за тие посети.

„Таа беше сосема природна, автентична. Исклучително грижлива личност. Секогаш се обидуваше да се грижи за сите, во центар беа нејзините момчиња. Тие беа нејзиниот свет“, рекол тој.

Шнајдер додал дека за време на тие одмори, настојувале да обезбедат на семејството приватност и чувството на нормалност.

„За нив беше привилегија да бидат третирани како обични луѓе“, додал Шнајдер.

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Кети Пери се пошегува за разликата во години со Џастин Трудо: „Колку години би имал ако не знаеш колку имаш?“

ЗОИ Пекинг: Второ злато за кинеската миленичка Ајлин Гу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот