Руската инфлуенсерка Ана Отавина доживеала страшен инцидент со полначот за телефон/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Едвај извлекла жива глава — ѝ се запалил полначот за мобилен во креветот, се здобила со тешки изгореници

Руската инфлуенсерка Ана Отавина (24) доживеала речиси фатален инцидент кога во нејзиниот луксузен пентхаус во Москва избувнал пожар. Отавина, која на социјалните мрежи се претставува како јасновитка, открила дека речиси жива изгорела кога преносниот полнач ѝ ја запалил косата и ѝ го испржил грбот.

„Пожарот се случи во дел од секунда. Го оставив полначот за мобилен телефон на креветот. Мислам дека тоа го предизвика пожарот, бидејќи се прегреал во контактот со мојот кревет. Лежев со грб свртена кон преносниот полнач, а косата ми беше распуштена. Кога скокнав од креветот, жешката коса ми падна на грбот“, рекла инфлуенсерката.

Ана Отавина се здобила со изгореници од преносниот полнач/Фото: not supplied / WillWest News / Profimedia

Додека се обидувала да го изгасне пожарот што ѝ ја зафатил косата, забележала дека и перницата и чаршафот се запалиле.

„А кога скокнав, запалениот полнач падна на подот“, рекла Отавина, додавајќи дека пожарот на крајот го зафатил и нејзиниот тепих.

Потоа Отавина го покрила преносниот полнач за да спречи да изгори, пред да ги изгасне другите пожари. Дури откако се уверила дека сè е под контрола, успеала да ги излади изгорениците на грбот со ладна вода за да ја ублажи болката.

Отавина се јавила и на службите за итни случаи, кои многу брзо пристигнале во нејзиниот стан.

Инфлуенсерката имала изгореници од втор степен на 30 отсто од телото.

„Ситуацијата е непријатна, но заклучокот е многу едноставен. Не ги оставајте преносните полначи надвор, особено преку ноќ. Не ги оставајте да се полнат. Сега сè исклучувам од струја и ништо не оставам надвор. Повеќе нема да користам преносни полначи“, порачала Отавина.

Инфлуенсерката додала дека неисправниот полнач ѝ го дал нејзиниот поранешен партнер, но тврди дека не може да се сети на производителот.

Отавина е многу популарна на социјалните мрежи и има 72.000 следбеници само на Инстаграм. Ана се претставува како јасновитка и дава совети на повеќе од 3.000 клиенти. Нејзините области на стручност вклучуваат „енергетско исцелување, женска моќ, наоѓање на вистинскиот маж и привлекување пари“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот