ФОТО | Ѕвезда на ОнлиФенс заработи 37 милиони евра за една година: Ја престигна двократната добитничка на Оскар Ема Стоун
Ѕвездата на ОнлиФенс, Софи Рејн, им ја откри на своите следбеници својата заработка во текот на изминатата година, а износот ги шокираше сите.
Препорачано
View this post on Instagram
Софи Рејн објавила дека заработила повеќе од 43 милиони долари (37 милиони евра) за само 12 месеци, засенувајќи ги некои од најголемите ѕвезди во Холивуд, пишува „ЛАДбајбл“ (LADbible).
Тaa заработува повеќе од некои холивудски актери
Според објавените податоци, Рејн заработила точно 43.477.695 долари помеѓу 28 ноември минатата година и 28 ноември оваа година.
Оваа сума ја става високо на листата на заработки во индустријата за забава, дури и во споредба со актерите од А-листата. На пример, нејзината годишна заработка ја надминува онаа на добитничката на Оскар Ема Стоун, која наводно заработила 26 милиони долари (22 милиони евра) во 2023 година.
Оваа сума на заработка ја става рамо до рамо со филмските гиганти како Мет Дејмон и Рајан Гослинг, кои исто така заработија околу 43 милиони долари (37 милиони евра) минатата година. Според моменталните податоци, единствените луѓе во Холивуд кои заработиле повеќе од неа се Том Круз, Марго Роби и Адам Сендлер.
View this post on Instagram
Неодамна ја донирала целата своја заработка на бездомниците
Не е изненадувачки што Софи Рејн напиша под објавата дека е „благодарна за една година тука“, со оглед на тоа што платформата ја направила исклучително богата. Иако е една од најзаработувачките на ОнлиФенс, важно е да се напомене дека платформата го зема својот дел, па затоа конечниот износ што ѝ останува е помал.
Таа неодамна донирала 121.000 долари (околу 104.000 евра) на бездомниците.
„Ако можам вниманието што го добивам со мојата содржина да го претворам во храна на нечија маса – ќе го правам тоа секогаш“, рекла 21-годишната Рејн.
View this post on Instagram


