ФОТО | Ѕирнете во туѓата традиција: Направете штолен – најпознатиот германски божиќен колач

Фото: Pixabay

Штолен (stollen) е традиционален германски овошен леб што се подготвува и со задоволство се јаде на Божиќ. Неговото потекло датира од 15 век, но колачот не бил ниту налик на денешната верзија (како по вкус, така и по изглед), со додавањето на сушеното овошје, шеќерот и путерот, јаткастите плодови, кандираното овошје и како врв – марципанот.

Состојки:

– 500 гр брашно
– 300 гр суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви, цреши – направете микс според од желба)
– 100 гр јаткасти плодови (бадеми и ореви)
– 100 гр кандирани цитрусни овошја
– 300 гр путер
– 200 мл млеко
– 150 гр шеќер во прав
– 50 гр мед
– 50 мл бренди
– 1 лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамом, каранфилче и ванила)
– 1 ќесичка сув квасец
– 200 гр марципан
– прстофат сол

Подготовка:

Сувото овошје исечкајте го на ситни парчиња и прелијте го со бренди, потоа оставете го да отстои неколку часа. Млекото загрејте го и додадете 1-2 супени лажици брашно, мед и квасец и оставете го да нарасне на топло. Останатото брашно просејте го. Додадете сол и зачини. Во центарот направете вдлабнатина во којашто ќе го сипете млекото заедно со квасецот. Исечкајте го путерот на коцкички и ставете го околу вдлабнатината.

Месете додека не добиете мазно тесто, постепено додавајте ги исечканите јаткасти плодови и сувото овошје што стоеше во течноста. Кога тестото двојно ќе нарасне, уште еднаш премесете го. Обликувајте го колачот штолен во правоаголник, во средината додадете го марципанот, преклопете ја едната страна преку другата или направете ролна, па ставете го во плех претходно обложена со хартија за печење.

Оставете да порасне уште 1 час, па ставете го во рерна претходно загреана на 180 степени. Ако е потребно, покријте го и со алуминиумска фолија за да не изгори во текот на печењето. Готовиот штолен премачкајте го со растопен путер, кој уште е топол и потоа посипете го шеќерот во прав.

Фото: Unsplash

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот