ФОТО | Џиновска санта мраз во форма на пенис ги изненади жителите на Дилдо

Фото: Facebook/ Ken Pretty

Санта мраз, во облик на пенис пловеше покрај брегот на градот Дилдо, во Заливот Концепшн, во Канада. Фотографот Кен Прети направил фотографии со дрон од формирањето на оваа санта мраз во близина на градот Харбор Грејс, кој се наоѓа блиску до градот Дилдо. Сантата мраз се состои од една вертикална форма со заоблен врв, којашто излегува од две овални парчиња мраз. Фотографиите на сантата мраз во форма на пенис, на Фејсбук собрaа над 3.000 споделувања и многу коментари.

Фото: Facebook/ Ken Pretty

Според „Си-би-си“, ова е силна сезона на формирање санта мраз во Њуфаундленд и Лабрадор, со повеќе од 200 на бреговите на двете провинции.

„Ветровите на брегот ги донесоа мразовите. Доколку трендот остане, би требало да ги видиме и во мај и јуни “, изјавила за „Си-би-си“, Дајан Дејвис, која води група на Фејсбук за ловци на ледени брегови.

Во природата често може да се забележат пенисовидни форми. Во 2021 година, еден човек стана вирален со неговите фотографии од карпеста кула во форма на пенис во Националниот парк Арчес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот