Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Џенифер Лопез ги покажа извајаните стомачни мускули: „Стани и фати се за работа“

Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави серија фотографии од теретана на социјалните мрежи на кои позира во спортска облека.

56-годишната Лопез се пофали со извајаните стомачни мускули во бел краток топ, црн спортски градник, хеланки со низок струк и бели патики.

Покрај објавата таа упати кратка порака: „Стани и фати се за работа!“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На нејзиниот изглед реагираше и нејзината долгогодишна тренерка Трејси Андерсон, која кратко коментираше: „Какви стомачни мускули!!!“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, во 2023 година, Лопез ѝ ја додели на Трејси Андерсон наградата за извонредно достигнување во фитнесот.

– Трејси Андерсон се издвојува како оригинална авторка чии методи и посветеност на работата ја одржаа на самиот врв. Нема ништо лудо во нејзиниот метод, само 25 години посветеност на клиентите и здравјето- рекла пејачката во тоа време.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пристапот до тренинг со 51-годишниот фитнес гуру, чии клиенти се и Оливија Вајлд, Гвинет Палтроу и Викторија Бекам, не е евтин. Според „Таун енд Кантри“, членарината за нејзините теретани е 1.500 долари (околу 1.300 евра), плус годишно ВИП членство.

Лопез, која работела и со тренерите Дод Ромеро и Дејвид Кирш, претходно ја споделила својата фитнес филозофија: „Целта е едноставна. Да бидеш подобар од вчера. Секој ден.“

ВИДЕО | Џенифер Лопез повторно провоцира во смелa моднa комбинациja – танцуваше во тесен проѕирен комбинезон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот