Eдин Џеко/Nogometni savez Federacije BiH

ФОТО | Џеко во ресторан во Белград доби порака која го воодушеви

Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ, Един Џеко, доживеа пријатно изненадување за време на посета на ресторан во Белград.

Имено, персоналот на ресторанот одлучил да му укаже почит на босанскиот напаѓач и да му посака среќа пред претстојното Светско првенство.

Пред Џеко бил послужен десерт со специјална порака испишана со чоколадо: „Среќен пат на Светско, капитену!“. Популарниот „Дијамант“ бил воодушевен од гестот, па истиот го сподели на својот официјален профил на Инстаграм.

Ќе потсетиме, БиХ се пласираше на Мундијалот откако во Зеница по изведувањето на пенали ја елиминираше Италија.

 

Един Џеко/Инстаграм

Ѓоковиќ за драмата во Зеница: Вакви работи се случуваат два до три пати во животот

ВИДЕО | Историската победа на БиХ на трибините во Зеница ја славеше и Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот