Папата Лав XIV/Фото: Maria Grazia Picciarella / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Додека ѓаволот носи „Прада“, папата носи „Најк“

Трејлерот што го објави „Ватикан њуз“ за документарниот филм „Леоне а Рома“, снимен по повод првата годишнина од понтификатот на папата Лав XIV, стана вирален од причина што авторите веројатно воопшто не ја очекувале. Во краток кадар од двеминутното видео, папата се појавува во бели патики од „Најк“, а препознатливото црно лого јасно се гледа под неговата службена облека.

Љубителите на патики брзо открија на социјалните мрежи дека станува збор за моделот „Најк Франчајз Лоу“ — патики инспирирани од тениски стил, кои првпат биле претставени уште во седумдесеттите години од минатиот век. Моделот е препознатлив по специфичниот ѓон и деталите во внатрешниот дел на патиката.

Папата Лав XIV, роден како Роберт Превост во Чикаго, е познат и како голем љубител на спортот. Претходно беше потврдено дека навива за бејзбол-клубот „Чикаго Вајт Сокс“, а пораснал во периодот кога кошаркарскиот клуб „Чикаго Булс“ и Мајкл Џордан доминирале во спортот.

Поради тоа, неговата наклонетост кон „Најк“ на многумина сега им изгледа помалку изненадувачка отколку на прв поглед.

Документарниот филм ги следи речиси двете децении што папата ги поминал во Рим пред да биде избран за поглавар на Католичката црква. Ова е трет филм на „Ватикан медија“ посветен на папата, по остварувањата „Леон од Перу“ и „Лео од Чикаго“.

„Најк“ со години е познат по тоа што лесно го привлекува вниманието на јавноста, но овојпат, компанијата не мораше да направи апсолутно ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот