Фото: „Слободен печат“

ФОТО | До кога ќе се толерира дивиот паркинг кај Народна Банка?

ЈП „Улици и патишта“ еднаш се обидоа да го „закрпат“ проблемот и поставија метални столбови кои беа зацементирана во подлогата, но кратко по нивното монтирање тие насила беа откорнати бидејќи најверојатно го блокирале излезот на овој импровизиран и див паркинг

Помина речиси една година откако се извадени металните столпчиња кои беа поставени кај импровизираниот излез од од дивиот паркинг сместен наспроти Народна Банка во центарот на Скопје, но и понатаму нема реакција ниту од Општина Центар, ниту од Град Скопје за регулирање на овој простор што десетици скопјани секојдневно го узурпираат.

ВИДЕО | Возач на „пунто“ ги прекрши сите сообраќајни правила за да се паркира на див паркинг

Дивиот паркинг, сместен зад автобуските постојки е една огромна површина каде возачи секојдневно се качуваат на тротоарот, минуваат низ пешачката и велосипедската патека за да влезат и да го паркираат својот автомобил, или пак од „задниот влез“, преку Маџир Маало.

Повторно извадени столбчињата кај Народна банка - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Повторно извадени столбчињата кај Народна банка – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Излегувањето од паркингот е уште „поинтересно“ бидејќи поради енормниот број возила кои се паркирани на ова место, има само една опција за излез – директно излегување на булевар преку сечење“ на вело-патеката и просторот за пешаци, потоа преку пешачкиот премин за на крај да се приклучат кон сообраќајот.

Скопјани не го даваат дивиот паркинг кај Народна банка, ги откорнаа столпчињата да си обезбедат влез

ЈП „Улици и патишта“ еднаш се обидоа да го „закрпат“ проблемот и поставија метални столбови кои беа забетонирани во подлогата, но кратко по нивното монтирање тие насила беа откорнати бидејќи најверојатно го блокирале излезот на овој импровизиран и див паркинг.

„Слободен печат“ постојано ги потсетува надлежните да го решат овој проблем, но вистинска мистерија е одговорот на нашето прашање: Кој е одговорен и кој го толерира овој сообраќаен хаос во центарот на главниот град?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот