ФОТО: Џенифер Лопез се обиде да докаже дека не ги фотошопира фотографиите и собра 5 милиони лајкови

Фото: Инстаграм

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна се најде на удар на критики од јавноста и нејзините фанови кои заклучија дека фотографиите кои ги објавува таа на социјалните мрежи не покажуваат како таа изгледа во реалноста и дека се премногу фотошопирани, но со најновата објава дивата се обиде да ги демантира тие ставови.

Имено, Џеј Ло објави фотографија во бел костим за капење, во кој до израз дојдоа нејзините облини.

Таа позираше без шминка на лицето, а во описот на фотографијата додаде дека недела е ден за грижа за себе си.

„Како ти успева да изгледаш така добро?“, „Застани малку, како е можно ова?“, „Најубава во светот“, „Дали ти навистина имаш 51 година“, се само дел од многубројните коментари кои таа ги доби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

51-годишната Џенифер овие денови ужива на одмор во Доминиканската Република, каде се упати со својот вереник Алекс Родригез.

Пејачката во последно време често ја нагласува важноста за водењето на грижа за сопственото тело и здравје, притоа промовирајќи го својот козметички бренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот