ФОТО | „Денес ќе полнеше 54 години“: Синот и внукот на маестро Џорлев споделија емотивни објави

На првивот ден од 2021 година, си замина маестро Зоран Џорлев на 53 годишна возраст од последици по зараза со ковид-19, а јавноста остана шокирана од тажната вест.

Почина виртуозот на виолина, маестро Зоран Џорлев

Неговите колеги, музичарите, естрадните уметници, водителите, новинарите, јавните личности и политичарите ги преплавија социјалните мрежи со пораки за збогување.

Јавните личности се простуваат од Џорлев: Дојди ми во сон со твојата виолина

Денска, пејачот Огнен Здравковски, внук на починатиот виолинистот, музички виртуоз и професор Зоран Џорлев објави заедничка фотографија по повод роденденот на неговиот вујко.

„Денес требаше да биде твојот ден, требаше да го славиме твојот 54-ти роденден… Помина само една недела, а и сам не сум свесен колку премногу фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш… Среќен роденден, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најмногу и засекогаш вујче мој!!!“ напиша Огнен.

Огнен Здравсковски со маестро Џорлев / Фото: Фејсбук

Пред само неколку дена, Здравковски посака среќен Божиќ и порача: „Драги мои, радувајте му се на животот, сакајте се, ширете љубов и добрина, ценете го тоа што е ваше и што го имате како да е последно нешто што животот ви го дал… Тенка е линијата помеѓу среќа и тага, помеѓу живот и смрт, па затоа славете го раѓањето Христово како симбол за нешто најсвето! Господ Бог нека биде секогаш со сите нас.. И во добро и во лошо, во среќа и во тага и во секој преостанат миг од животот! За мене ова е најтажниот и најболниот Божиќ во мојот живот, но не престанувам да се молам на Бога да ми даде сила за да се исправам на нозе и да продолжам да чекорам исправено!“

Фотографии од последниот роденден на Маестро Џорлев / Фото: Инстаграм

Покрај внукот Огнен и синот на Џорлев, Наско, сподели фотографии од последниот, 53. роденден, со емотивна порака: „Татко, денес ќе ти го славевме 54тиот роденден. Душава ме боли од замислата дека нема да ја видиме пак твојата искрена насмевка. Те сакаме најмногу татко, не знаеш колку фалиш! Среќен роденден“, стои во објавата…

Среќен роденден Маестро!

ФОТО | Синот на Зоран Џорлев ја објави нивната последна заедничка фотографија: Сѐ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот