Почина виртуозот на виолина, маестро Зоран Џорлев

Instagram
Instagram

Во 53-тата година од животот почина македонскиот виолинист, концертен музичар и професор, Зоран Џорлев. Жалната вест ја пренесе неговиот внук Огнен Здравковски на неговиот фејсбук-профил.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година. Кога бил првоодделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, почнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот