ФОТО: Давид Бабунски има нов клуб во Романија!

Фото: fcviitorul.ro

Денеска официјално македонскиот фудбалер Давид Бабунски е промовиран како нов член на Вииторул Констанца.

Нашиот 26-годишен играч со романскиот клуб потпиша договор на две години и шест месеци.

Изминатите две сезони ги бранеше боите на Ботошани, со вкупно 14 лигашки настапи во тој период.

Воедно поранешен член на Омија Ардија и Јокохама Ф. Маринос, Црвена звезда, а беше дел и од школата на Барселона, „Ла Масија“.

Вииторул Констанца настапува во најсилната романска лига, после 15 одиграни мечеви се наоѓа моментно на шестата позиција со 20 бодови.

Фото: fcviitorul.ro
Видео на денот