ФОТО: Давид Бабунски е нов фудбалер на Мезекевешд

давид бабунски
Давид Бабунски има нов клуб во Унгарија/фото: instagram.com/davidbabunski/

Минатата сезона 28-годишниот играч за врска во нападот во Унгарија играше за Дебрецен во чиј дрес запиша 24 настапи и еден гол.

Давид Бабунски останува во најсилната унгарска лига, а официјално од денеска негов нов клуб е Мезекевешд.

Во редовите на Мезекевешд веќе настапува еден наш интернационалец, станува збор за екс играчот на Ренова, Ремзифаик Селмани.

Во својата професионална кариера Бабунски настапуваше и за Б тимот на Барселона, Црвена звезда, Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија, Ботошани и Вииторул Констанца.

Мезекевешд моментно по осум одиграни меча во шампионатот на Унгарија е на претпоследната 11 позиција со пет бодови, колку што има и последнопласираниот Вашаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот