Фото: „Погон“

ФОТО | Да наздравиме за 2026: Новогодишни коктели од дружината на „Погон“

Во Козле, далеку од градската врева, „Погон“ веќе неколку години е маалско место каде што луѓето се собираат на пијалак, разговор и добра музика. Токму таквиот опуштен пристап кон пијалакот се чувствува и во нивните коктели, кои лесно може да станат совршен избор и за вашиот дочек на 2026 година во домашна атмосфера.

Во рамки на новогодишниот серијал на „Слободен печат“, овојпат издвојуваме рецепти за три коктели подготвени од дружината на „Погон“– од едноставни за подготовка, до оние за похрабрите љубители на експериментирањето.

„Строубери џин бриз“

Потребни состојки:

  • 50 мл џин
  • 4-5 замрзнати јагоди
  • Сок од половина свеж лимон
  • 1 лажичка шеќер или мед (по вкус)
  • Газирана вода или тоник

Подготовка:

Јагодите се гмечат директно во чашата. Се додава сокот од лимон и шеќерот или медот и лесно се промешува. Потоа се истура џинот, се додава мраз и се дополнува со газирана вода или тоник. Се промешува уште еднаш и коктелот е подготвен за сервирање.

„Строубери џин бриз“

„Хот Погон“

Потребни состојки:

  • 35 мл џин
  • 1 лажица мед
  • 20 мл сируп од јаболко (може да се користи и домашно подготвен)
  • Топла вода

Подготовка:

Во чашата најпрво се става медот, по што се додаваат џинот и сирупот од јаболко. Состојките се мешаат добро со лажица, а потоа чашата се дополнува со топла вода до врвот.

Декорација:

  • Стапче цимет
  • Парче лимон
„Хот Погон“

„Инферно блум“

Потребни состојки:

  • 40 мл текила
  • 25 мл свежо цеден сок од лимон
  • 10 мл кампари
  • 15 мл сируп од маракуја
  • Тоник „Лондон есенс“

Подготовка:

Во висока чаша се додаваат текилата, кампарито и сирупот од маракуја. Се додава мраз и се меша со лажица. Потоа чашата се дополнува со тоник „Лондон есенс“ до врвот и повторно лесно се промешува.

Декорација:

  • Парче цитрон
„Инферно блум“

Не ги пропуштајте и коктелите од бармените на „Каза бар“

И одличните рецепти за пијачки на дечките од „МГ бар“

🎅

ПОГОН БАР, општествено одговорен угостителски објект во Козле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот