Фото: „МГ бар“

ФОТО | Да наздравиме за 2026: Новогодишни коктели од бармените на „МГ бар“

Новогодишниот период е совршен изговор да се забави секојдневието и да се наздрави со добар пијалак. Во срцето на Карпош, во „МГ бар“, коктелите одамна не се само пијалак, туку дел од една поширока култура на вистинско уживање.

Токму таму, барменот Димитри Мицковски подготви три новогодишни коктели специјално за празничниот серијал на „Слободен печат“. Уживајте!

„Норт бери“

Потребни состојки:

  • 50 мл вотка
  • 30 мл сок од лимон
  • 60 мл сок од калинка
  • Спрајт

Подготовка:

Во шејкер со мраз се додаваат вотката, сокот од лимон и сокот од калинка и кратко се протресуваат. Смесата се процедува во висока чаша исполнета со мраз, а потоа се дополнува со Спрајт.

Декорација:

  • Шумско овошје
  • Висока тенка чаша
Коктел „Норт бери“

„Крисмас сауер“

Потребни состојки:

  • 50 мл виски
  • 30 мл сок од лимета
  • 20 мл шербет
  • Белка од јајце
  • Црвено вино

Подготовка:

Сите состојки – вискито, сокот од лимета, шербетот и белката од јајце – се ставаат во шејкер со мраз и се шејкаат енергично околу 10 секунди. Коктелот се процедува во ниска чаша за виски, а на самиот крај внимателно се додава црвеното вино по површината.

Декорација:

  • Лижавче во форма на бастунче
  • Ниска чаша за виски
Коктел „Крисмас сауер“

„Голден шприц“

Потребни состојки:

  • 50 мл џин
  • 60 мл сок од портокал
  • Просеко
  • Минерална вода

Подготовка:

Во винска чаша се става мраз. Потоа се додаваат џинот и сокот од портокал и лесно се промешува за да се соединат вкусовите. Потоа се дополнува со просеко и малку минерална вода, а коктелот повторно нежно се меша.

Декорација:

  • Парче портокал
  • Рузмарин
  • Чаша за вино
Коктел „Голден шприц“

Не ги пропуштајте и новогодишните коктели од „Каза бар“ 🎅 

МГ Бар, општествено одговорен угостителски објект во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот