Коктели од „Каза бар“ / Фото: „Каза бар“

ФОТО | Да наздравиме за 2026: Новогодишни коктели од бармените на „Каза бар“

Додека празничните светилки го осветлуваат градот, зад шанкот на „Каза бар“ се создаваат вкусови што ја доловуваат атмосферата на крајот од годината. Барот годинава беше „крунисан“ како прва „Палома“ амбасада на престижниот грчки бренд „Три сентс“ во Македонија и токму „Палома“ е нивниот најпрепознатлив коктел.

Барменот Никола Анастасијески, кој годинава го освои првото место на државното првенство на бармени во Македонија, подготви три новогодишни коктели, поделени по ниво на сложеност – од лесен за домашни услови, преку елегантен класик, до миксолошки предизвик за најхрабрите.

„Палома“

(најлесен за изработка – домашни услови)

Потребни состојки:

  • 40 мл текила
  • 10 мл свежо цеден сок од лимета
  • Газиран сок од цитрон

Подготовка:

Работ на чашата се навлажнува и се посолува. Во чашата се додава текилата и свежиот сок од лимета, а потоа се дополнува со газираниот сок од цитрон.

Декорација:

Свеж цитрон

Коктел „Палома“

„Њујорк саур“

(потежок за припрема)

Потребни состојки:

  • 40 мл виски
  • 30 мл свежо цеден сок од лимон
  • 20 мл шербет
  • 10 мл варено црвено вино

Подготовка:

Во шејкер се додаваат вискито, сокот од лимон и шербетот и се „шејкаат“ 20 до 30 секунди. Смесата се процедува во чаша, а на самиот врв внимателно се додава вареното црвено вино.

Декорација:

  • Дехидриран портокал
Коктел „Њујорк саур“

„Боемска“

(најтежок за изработка – миксологија)

Потребни состојки:

  • 50 мл рум
  • 15 мл цимет сируп
  • 10 мл карамела сируп
  • 10 мл обична вода
Пена:
  • Сок од ананас
  • Манго сируп
  • Ксантан гума и метилгел (во соодветен сооднос)

Подготовка:

Во микс чаша се ставаат сите течни состојки и се мешаат додека смесата целосно не се олади. Потоа се префрла во чаша и се дополнува со подготвената пена.

Коктел „Боемска“

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Бар културата се движи напред: Каза Бар првата Paloma Embassy во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот