СП. весници во Концепт Хибрид Бар - Струмица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
СП. весници во Концепт Хибрид Бар - Струмица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Дојде денот да споделиме мапа на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија кои решија да ги надоградат услугите и возвишат своите гости со понуда за читање дневни весници. Подолу е достапната мапата на угостителските објекти.

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Како започна иницијативата

Една случајна фотографија од читател со весник, на која следеше искрена реплика – така всушност започна оваа чиста, автентична иницијатива во нашата редакција! Наш читател и инстаграм-следбеник ни сподели фотографија од човек како чита весник во скопски бар и ја споделивме на нашиот официјален профил, како и секоја друга таква случајна фотографија од читател со весник. За конкретната фотографија добивме порака од читател дека „би било многу добро кога СП. и општо опции за читање би биле достапни во македонските локали, па така наместо да се ‘зјапа’ во телефон, луѓето би читале додека ја чекаат услугата“.

Ја споделивме таа порака каква што е, и ги прашавме нашите читатели и следбеници: Дали сакаат да читаат проверени информации од автори со име и презиме, од докажана редакција со звучни имиња во импресум и адреса, без дистракции од реклами; но и дали постојат локали – спремни да си ги возвишат гостите и унапредат услугите со понуда на весник?

И така, целта да поттикнеме луѓето почесто да излегуваат сами, да го остават малку телефонот додека чекаат услуга и да се информираат од проверени извори, стана една вирална инстаграм-приказна!

Како реагиравте вие

Нашетo сандаче експлодира од пораки од читатели: локални, кои сакаат да видат весници во угостителските објекти, но и голем број иселници кои споделија дека по европските држави, не се поставува вакво прашање – зошто весниците се веќе достапни по тамошните објекти, а и луѓето се уште читаат весници покрај сета дигитализација.  Добивме фотографии од Македонци низ цел свет и Европа, сандачето беше преполно од фотографии од луѓе со весници во објекти низ Австрија, Србија, Хрватска, Италија, Англија, Германија, Швајцарија, САД, Австралија…

Но, пораки добивме и од наши локали, општествено одговорни, подготвени за нови нешта во нивната понуда.

И така се случи тоа што не очекувавме да се случи, односно не со толку голем интерес!

Само неколку дена по објавата за иницијативата, Слободен печат почна редовно да се чита во угостителски објекти низ Скопје, Струмица и Штип.

Во моментов листата на заинтересирани локали расте, затоа што секој ден имаме нови пријавени заинтересирани за иницијативата.

Благодарност до нашата лојална заедница, која уште еднаш покажа дека каде што има чиста љубов и цел, таму има и успех!

Во продолжение следува мапата на општествено одговорните угостителски објекти кои (досега) се вклучија во иницијатавата. Зачувајте го овој линк, како би можеле да ги проследите и сите нови објекти кои допрва се приклучуваат.

Доколку сте угостителски објект кој би сакал да се приклучи на иницијативата, контактирајте нѐ на 072 443 815!

МАПА НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА:

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ (по азбучен ред)

БИСТРО КОМЕДИЈА
БОНОБО (Hi Fidelity Place – Bonobo)
БРЕДВЕЈ (Breadway Taste Gallery)
ДРАНКЕН МАНКИЗ (Drunken Monkeys)
КАЗА БАР (Casa bar)
КАФАНЧЕ
КАФЕ БАР ЧЕ (Che)
КРАШ БАР (Crash bar)
ЛАТЕЛИЕР (L’atelier)
НУЛА ДЕВЕТ ЕДЕН ХАУС (091 HOUSE)
МГ БАР (MG bar)
МИСТЕР ЏЕК (Mister Jack) 
ПОГОН БАР
УЛИЦА 22
ФЕЛА БАР
ХЕЛТИШ (Healtyish)
ЦВЕТ БИСТРО (Cvet Bistro Flowers & Kitchen)
ШЕЛБИ (Shelby)

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СТРУМИЦА (по азбучен ред)

ВТОРНИК КРАФТ БАР
КАФЕ „ЉУБОВ И МИР“ (МАЛА СЦЕНА 112)
КОНЦЕПТ ХИБРИД БАР

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ШТИП (по азбучен ред)

А.М. ХЕЛТ КОРНЕР (A.M. Health corner)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот