Мира Бањац/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Цигара в рака, кафе на масата: Мира Бањац го прослави 96-от роденден, колешките ја посетија

Славната српска актерка Мира Бањац на 4 ноември наврши 96 години, а по тој повод, нејзините колешки дошле заедно да го прослават овој ден.

Сега актерката Лена Богдановиќ објавила фотографија од ова дружење и напишала како Мира Бањац ги угостила.

– Еден роденденска. Три Сремици во кадарот и четвртата нè фотографира. Нашата Мирка нè почести за роденденот, сè убаво, во новосадски стил! Вива ла Мира – напишала таа во описот.

На фотографијата, Мира пуши цигара и пие кафе, додека нејзините пријателки ја прегрнале и заедно се фотографирале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Bogdanovic (@lenabogdanovic)

Инаку, Мира Бањац доживеала неверојатна сцена за својот роденден, кога нејзините сограѓани дошле пред зградата и почнале да ѝ пеат роденденска песна.

Кога излегла на терасата, не можела да го скрие воодушевувањето, па им аплаудирала и им мавнала во знак на благодарност.

Легендарната актерка неодамна се соочи со огромна загуба кога почина нејзиниот син Бранислав Јовановиќ.

Бранислав Јовановиќ, со кого живееше во Нови Сад, почина на 6 февруари по компликации од пневмонија, а беше погребан два дена подоцна на гробиштата во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот