ФОТО: Брижит Макрон: „Здодевна“, а толку добра модна комбинација на која не може да ѝ се најде мана

Брижит Макрон го посетила домот за млади „Loir-Et-Cher Teenagers House“ сместен во францускиот град Блуас, чие работење го финансира и хуманитарната организација „Pieces Jaunes“, чија цел е да се подобри животот на децата кои што се лекуваат во болниците, а која како претседателка на француската болничка фондација, ја предводи првата дама на Франциија.

За дружењето со младите и водителите Брижит Макрон облекла многу едноставна, по малку и здодевна комбинација, но, и покрај тоа што е видена веќе безброј пати, секогаш изгледа добро.

Својот неоптоварен и на настанот соодветен стајлинг првата дама на Франција се облекла во црни панталони „скини“ крој со кои што искомбинирала црни чизми до глужд на висока дебела потпетица. Целиот аутфит го надополнила со маслинесто зелено палто со големи златни копчиња под кое што се гледала белата маица.

Ваквиот едноставен и неодоливо обичен аутфит веќе стана и своевидна униформа на првата дама на Франција, а всушност, многу лесно може да се копира, особено во деновите кога немаме идеја што да облечеме.

Брижит на својот стајлинг додала и бел шал, додека, пак, од накит носела масивни прстени и белегзија/часовник со ремче во слична маслинеста нијанса како и палтото.

 

Bridžit Makron

          Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот